Вуко Борозан почнува ново поглавје во својата кариера. Екс-вардарецот има чуден пат, од дресот на македонскиот и двократен европски првак, замина во редовите на Веспрем, а откако од таму принудно мораше да си оди, му остана само еден избор. На изнендување на сите го облече дресот на Катарски Ал Араби.
Црногорецот сепак се враќа на подобро ниво, тој веќе се договори со хрватскиот првак. Вуко Борозан повторно ќе има можност да игра со Иван Чупиќ, двајцата ги минаа најубавите деновите во нивната кариера.
ППД Загреб предходно се договори со Кос, Милиќ и Пањтар.