Македонската фудбалска репрезентација до 21. вчера во рамките од тековните квалификации ја совлада селекцијата на Ерменија на домашен терен со конечни 3:1. Нашиот национален состав е на прагот да ја промени генерацијата и токму затоа селекторот Канатларовски со оглед на фактот што немаме никакви шанси за пласман во евентуалниот бараж одлучи да изостави неколку стандардни играчи и да им даде шанса на оние што надоаѓаат.
Токму затоа, нашиот состав вчера изгледаше поинаку отколку досега, а во него се истакнаа најпрво Методиј Максимов со прекрасниот гол за израмнување во 22. минута, па потоа и Марио Илиевски кој го донесе посакуваното водство на неколку минути до крајот.
„Секако дека сме задоволни од изходот на вчерашниот меч. Секако дека ќе пробаме да ги поправиме грешките на дуелот кој доаѓа в недела и против Украина во Истанбул да се покажеме во најдоброто светло“ – велат од нашиот табор.
Токму тој дуел, против Украина в недела со почеток од 19:45 минути ќе биде последниот од овие квалификации.