Рафаел Надал е првиот финалист на Ролан Гарос. Шпанецот со само еден освоен сет успеа да се провлече до финалето, откако неговиот денешен противник Александар Зверев се повреди во вториот сет и мораше да го предаде мечот.
Во тај-брејкот во вториот сет Германецот падна на теренот и врескаше од болка откако го изврте скочниот зглоб. По укажаната медицинска помош се повлече, па се врати со патерици и официјално го предаде мечот.
Надал својот противник во финалето ќе го дочека од дуелот меѓу Руд и Чилиќ кој е на програмата вечерва.