Стартот на јуни месец е резервиран за историја, за Вардар, за двете титули во Лигата на шампиони во трите учества на фајнл-фор завршницата во Келн од 2017 до 2019 година.
На денешен ден во 2019 година ракометарите на македонскиот првак заедно со цела Македонија ја славеа втората титула. Македонија експлодираше по вторпат во име на Вардар. „Црвено-црните“ одиграа неверојатно, се вратија на магичен начин во полуфиналето против Барселона, а потоа на патот до тронот го урнаа Веспрем.
Низ улиците на Скопје излегоа околу 150.000 фанови…