Рускиот фудбалски клуб Анжи од Махачкала ќе престане да постои. Веста ја објавија руските медиуми.
Клубот кој е формиран во 1991 година и во својата куса историја успеа да стигне и до руската Премиер лига, но и да игра во финалето на рускиот куп во 2001 година, не добил лиценца за следната сезона и поради тоа ќе мора да се расформира.
Анжи во последните три сезони настапуваше во руската Трета лига. Клубот во зенитот на своите фудбалски остварувања во своите редови имаше и мега-ѕвезди од калибарот на Роберто Карлос или Самуел Ето.