Алан Дуро од Луксембург е делегиран за главен судија неделниот меч меѓу Гибралтар и Македонија. Меч кој се игра во Гибралтар и тоа во 2.коло во рамките Лига Нации – Ц, од групата 4. Познато е дека ние вчера на стартот во новиот циклус одигравме реми на гости кај Бугарија и тоа во Разград со резултат 1:1.
Инаку Дуро има 36 години, со ФИФА знакот е од 2015 година, има судено на повеќе мечеви и во Европа.
Негови помошници ќе бидат Даниел Да Коста, Клод Рајс и Лорен Коприва, сите од Луксембург.