Масевски, Христовски и Анѓелески за уште посилен Силекс

2071

Тимот на Силекс е убедливо најактивниот наш прволигаш на стартот на овогодинешниот летен преоден рок. Очигледно кратовци не сакаат ништо да остават на случајот, па веќе доведоа неколку млади фудбалери кои се желни за прволигашки фудбал и докажување.

Во прв ред тоа е досегашниот голгетер на тимот на Тетекс, Дамјан Масевски кој постигна десетина голови во изминатиот ВМФЛ шампионат. Напаѓачот е роден 2001 година и ќе биде супер засилување за Силекс. Заедно со Масевски во пакет од Тетекс доаѓа и Гордијан Христовски, кој има 19. години и кој ја засилува левата бековска позиција.

Конечно, од тимот на Победа Прилеп пристигнува Дарко Анѓелески, играчот за врска кој имаше полна минутажа во изминатата сезона, но реши да замине за Кратово.
Претходно3×3 репрезентацијата замина за Романија
СледноМарјан Србиноски ќе ја извршува функцијата спортски директор на КФСМ!