Националите “слетаа“ во Малага, а сега правец кон Гибралтар! (ФОТО)

393

По четиричасовен лет со чартер авион, експедицијата на нашата А-репрезентација предмалку слета на аеродромот во Малага. Како што и беше планирано, тука ги дочека Валон Етеми, кој откако успеа да обезбеди пласман во елитата во првенството во Турција со својот Истанбулспор, од денеска е со своите репрезентативни колеги и можеби ќе добие шанса да настапи на неделниот меч со Гибралтар.

Иако летот беше напорен, имено траеше четири часа, сепак атмосферата во нашата репрезентација е на високи ниво. Сега следува двочасовно патување со автобус до Гибралтар, каде во недела против домашната селекција ќе го одиграме мечот од 2.коло во Лигата на Нации.

Да потсетиме, вчера на стартот против Бугарија во Разград одигравме 1:1.

 

No description available.

No description available.

No description available.

No description available.

No description available.

ПретходноДирк Кујт стана тренер: Ден Хаг е заспан џин кој треба да се разбуди
СледноЕтеми во Малага им се приклучи на репрезентативните колеги! (ФОТО)