По голема драма и пенали Скопје обезбеди опстанок во Супер-лигата

199

Голема драма во бараж натпреварот за опстанок во Супер-лигата. Скопје имаше голема шанса да го реши овој меч во регуларниот дел и да го запечати местото, но прокоцка позитива од пет гола.

На другата страна Аеродром успеа да се врати во мечот, со серија од 3-0 израмни на 23-23 за голема драма која по истекот на 60 минута заврши без победник (26-26). Победникот беше решен по изведување на седмерци, таму сепак подобар излезе тимот на Скопје, кој и следната сезона ќе го гледаме во Супер-лигата.

На крајот славеше со 27-28. Аеродром порпушти шанса во шестата серија имаше пенал за победа, но Николовски го погоди противничкиот голман во глава и доби црвен картон. Скопје реализираше, на другата страна следеше промашување за голема радост на избраниците на Андријана Будмир.

Киселовски со девет гола беше прво име кај победникот, Мишевски имаше пет гола. На другата страна Николовски беше стрелец на девет гола, Пајкоски запиша седум.

ПретходноКој е најголем фаворит за златото на Мундијалот во Катар? Бразил, Англија, Франција…
СледноМЗТ Скопје со старо добриот „рецепт“ го победи Пелистер и поведе во финалето