Македонската одбојкарска репрезентација пристигна во Тирана, каде утре од 19 часот го игра клучниот меч во регуларниот дел од сезоната во Европската сребрена лига. За жал, по неочекуваниот пораз од албанците пред само неколку дена во Скопје, сега имаме и дополнителен проблем пред реваншот на нивни терен.
Од составот на селекторот Павличевиќ отпадна и искусниот примач Владо Милев, кој поради повреда нема да може да помогне во обидот да се дојде до победа на утрешниот меч. Тој е само уште еден во низата недостапни ова лето, по повредата и на Александар Љафтов и либерото Ричлиев.
Дуелот со Албанија ќе биде клучен за нас ако сакаме да останеме во битка за првите две места во групата. Утре во 4. коло БиХ ќе ја пречека селекцијата на Романија која е лидер по досегашните три пресметки.