Тутомеркато: Милан засилено работи на трансфер на Елмас

406

Милан засилено работи на евентуалниот трансфер на Елиф Елмас, пишуваат денеска дел од италијанските медиуми. Веста која не е нова, сега добива на посилна потврда, со оглед на тоа што „росонерите“ ја засилуваат својата активност на трансфер-пазарот, а Елмас е едно од приоритетните имиња за новиот тим на италијанскиот првак.

Елмас има договор со Наполи до 2025 година, и според статистиката тој е еден од тројцата најкорисни играчи на составот на Лучијано Спалети, по Инсиње и Жиелински.

ПретходноЕдинствениот клуб со повеќе титули во ЛШ отколку во првенството
СледноВо ПСЖ чекаат да се врати Ал-Келаифи и да му врачи отказ на Покетино