Македонската фудбалска репрезентација ги спакува куферите и тргна кон новиот предизвик во новата сезона во Лигата на нации. Боби Милевски и неговите избраници по ремито со Бугарија (1-1) на стартот, одат по прва победа против Гибралтар.
Денеска ги чека „авантура“ од речиси 4.000 километри и околу осум часа пат. Истата почнува од Разград, со автобус стигнаа до аеродромот во Варна (минаа 150 километри), од каде ќе летаат за Малага. До шпанскиот град ги чека четири часа лет или околу 3.500 километри пат.
Но, тука не завршува авантурата, од Малага до Гибралтар ќе патуваат со автобус два и пол часа или 200 километри. Фудбалерите во хотел треба да бидат околу 17 часот.
Дуелот со Гибралтар се игра во недела.