Фудбалерите на италијанскиот третолигаш Авелино, вклучувајќи го и Романецот Клауди Мицовши, долго ќе го паметат враќањето дома после тренинг. Како што соопшти полицијата, по баражот за пласман во Серија Б, во кој Авелино беше поразен од Фоџа (1:2), група навивачи на Авелино на среде пат го запреле автомобилот на Мицовши во кој бил уште еден негов соиграч додека се враќале од тренинг. Тие го опколиле нивното возило со своите автомобили, викајќи им дека не се достојни за дресовите што ги носат, па почнале да им ги одземаат личните работи од автомобилите.
Полицијата вели дека успеала да фати 11 хулигани, а тројца завршиле во домашен притвор под обвинение за разбојништво, насилство и закани.