16 МИЛИОНИ ДЕНАРИ КАЈ ИГРАЧИТЕ ЗА ЕДНА НЕДЕЛА СО СУПЕР МИЛИОНЕР, МИЛИОНЕР И МИНИ ЏЕКПОТ

116

Уште една недела со широки насмевки кај најсреќните играчи на Видеолотарија Касинос Австрија. Судбината овој пат беше ептен дарежлива, па донесе три МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ добивки и еден СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ.

Месец мај не можеше да заврши поубаво, па донесе две големи добивки на последниот ден, при тоа едната од нив е феноменалниот СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ. Неговиот најнов сопственик живее во скопското село Кучевиште, а добитната вредност е 10.052.854 денари. Разговаравме со добитникот, кој кажа дека е редовен играч, до толку што секоја вечер сонувал дека ќе освои џекпот.

Често сонувам дека освојувам СУПЕР МИЛИОНЕР, само што во сонот обично добивам 11 милиони“, откри добитникот, чиј сон доволно се оствари и со овие 10.052.854 денари. „Играв и кога видов добивка, прво сфатив дека се десет илјади денари, па сакав да продолжам за повеќе. Меѓутоа сфатив што се случува и наеднаш ме фати еуфорија и се израдував“, додаде добитникот, кој секогаш игра една иста игра – 20 Super hot. Тој е татко на две деца и сопственик на мала фирма. Оттука, вели дека парите ќе бидат во служба на семејството, на сопругата ќе ѝ ја исполни желбата и ќе ѝ подари нов автомобил, а потоа целото семејство ќе замине некаде на убав одмор.

Истата вечер, на 31 мај, во објект на Моцарт во Скопје, регистриран е и МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ, кој донесе 1.371.759 денари. Неговиот сопственик бил изненаден и многу возбуден, затоа што играл со 500 денари, а добил огромна сума.

Тој беше трето продолжение од нашата МИЛИОНЕРСКА приказна за оваа недела, која почна уште на 26 мај, во Облешево, со највисокиот од трите МИЛИОНЕР ЏЕКПОТИ, 1.605.777 денари. Два дена подоцна, на џекпот се израдува и Куманово и тоа со МИЛИОНЕР, вреден 1.294.167 денари. Сите четири џекпота за оваа недела заедно достигнуваат прекрасни 14,3 милиони денари. Дополнително, тука се и освоените МИНИ џекпоти во вкупна сума од 1.742.949 денари

#ИграјЗаЗабава #ИграјОдговорно

No description available.

No description available.

 

No description available.

No description available.

ПретходноЕтеми во Малага им се приклучи на репрезентативните колеги! (ФОТО)
СледноНе е веќе В.Д.: Грнчаров назначен за тренер на Вардар!