Бензема призна, во текот на кариерата се обидел да копира само еден човек

6907

Карим Бензема е една од главните причини поради која Реал Мадрид оваа сезона успеа да дојде до 14. трофеј во Лигата на шампиони. Токму овој човек го водеше „кралскиот“ тим низ тешките предизвици, па со сигурност ќе биде еден од главните кандидати за „Златната топка“.

Според многумина одличниот напаѓач заигра многу подобро откако замина Кристијано Роналдо. Во последното интервју Бензема откри дека во својата кариера се обидувал да копира само еден фудбалер, а неговото име е Кристијано Роналдо, и тоа во времето кога дошол во Реал во 2009 година.

„Кога гледав што прави, се обидував да се сконцентрирам на неговите чекори, дриблинг, додавања, водење на топката. Ги проучував се што прави, но беше невозможно да се повтори“, изјави Бензема.

Роналдо и Бензема заедно беа дел од златната генерација на Реал, која во периодот од 2016 до 2018 година освои три титули во ЛШ.

ПретходноГолден Стејт и Бостон со рекорд, Селтикси со неверојатен пресврт до „брејк“ (ВИДЕО)
СледноБугарите велат, Барди најдобар