Маурицио Покетино нема да го предводи ПСЖ и следната сезона. Голем број француски медиуми и денеска пишуваат дека Аргентинецот ќе добие отказ во наредните недели.
Смената на Покетино ќе биде официјализирана кога Насер Ал-Келаифи ќе се врати од Катар. Претседателот на ПСЖ заминал поради приватни обврски, па во клубот чекаат тој да се врати и лично да му соопшти на Покетино дека соработката е завршена.
Еден од главните претенденти за функцијата тренер на парижани е првиот човек на Ница, Кристоф Галтие.