ЛН: Катастрофи на Хрватска и Белгија, Данска ја шокираше Франција (ВИДЕО)

332

Фудбалската селекција на Хрватската доживеа тежок пораз на стартот на Лигатата на нации, откако вечерва на стадионот „Градски врт“ во Осијек беше прегазена од Австрија со убедливи 3:0.

Австрија поведе со голот на Марко Арнаутовиќ во 41. минута, за во вториот дел до стигнат уште два гола преку Грегорич и Марсел Сабицер за убедлив триумф.

Австрија на овој меч можеше да извојува и поубедлива победа. Гостите имаа уште неколку шанси.

Во вториот натпревар од групата „1“ од Лигата на нации, Данска ја совлада Франција со 2:1 среде Париз. Французите први поведоа со голот на Бензема, но Корнелиус со два гола во финишот донесе голем пресврт и голема победа на скандинавците.

Вистинска катастрофа претрпе и Белгија, која на домашен терен загуби од соседите, холандија со 4:1. Гостите водеа и со 4:0 со головите на Бергвин, Депај (2) и Думфрис, за домашните само да го ублажат високиот пораз со голот на Батшуај во судиското продолжение.

Во сегментот Б, Словачка ја совлада Белорусија со 1:0, а во Лига Д, Молдавија беше подобра на гости кај Лихтенштајн со 2:0.

ПретходноРуд испиша историја, ќе игра финале на Ролан Гарос
СледноЃорѓиев не успеа: Поразен во битката за „Вако про“ титулата