Мхитарјан ја „откачи“ Рома, оди во Интер како слободен агент

122

Искусниот ерменски фудбалски репрезентативец, Хенрих Мхитарјан ќе му се приклучи на Интер како слободен агент ова лето. Веста која беше најавена уште пред околу две недели, очигледно веќе добива на реализација.

Неколку угледни италијански новинари попладнево потврдија дека Мхитарјан и Интер се договориле и наскоро ќе ја официјализираат соработката.

Ерменскиот ветеран одлучи да го одбие предлогот на Рома за продолжување на договорот и да ја прифати понудата на „нероаѕурите“. Интер, практично, само чекаше зелено светло од агентот на Мхитарјан за да го заклучи договорот.

ПретходноЗверев го изврте зглобот, па мораше да предаде: Надал е прв финалист на Ролан Гарос
СледноНеверојатно: Вахид Халилхоџиќ нападнат од жена! (ВИДЕО)