Не е веќе В.Д.: Грнчаров назначен за тренер на Вардар!

1087

Бобан Грнчаров од денеска и официјално е шеф на стручниот штаб на Вардар. Тој и досега ја обавуваше оваа функција во тимот кој изминатата сезона во ВМФЛ – ЗАПАД беше очаен и заврши дури како трети, но нема веќе да биде В.Д. Како што стои во соопштението на ФК Вардар, со него е договорено три години да биде на клупата на скопските “црвено – црни“.

Негови помошници ќе бидат Златко Таневски и Един Нурединовски.

Инаку и спортскиот директор Александар Бајевски останува во клубот, и тој има договор во наредните три сезони да биде во раководството на Вардар.

Претходно16 МИЛИОНИ ДЕНАРИ КАЈ ИГРАЧИТЕ ЗА ЕДНА НЕДЕЛА СО СУПЕР МИЛИОНЕР, МИЛИОНЕР И МИНИ ЏЕКПОТ
СледноДибала откри во која лига би сакал да заигра!