Не му доаѓа памет се чини на контроверзниот претседател на Славија Софија, Венцислав Стефанов. Откако доби и тоа како супер одговор од страна на Стефан Ристовски, Стефанов по вчерашниот меч во Разград “испали“ уште една провокација…
Несфатливо…
„Моето потекло е од Битола, но јас не сум Македонец, јас сум Бугарин. Нека знаат големите патриоти од Македонија дека Македонија е Југозападна Бугарија. А за вчерашниот меч што да кажам. Судијата ни ја украде победата. Тоа беше чист пенал, тој им помогна на гостите да не загубат. Тие ништо не играа, реално немаше опасности пред нашиот гол“ лупна и остана жив Стефанов, кој изгледа дека гледал некој друг натпревар а не оној во Разград.