Руд испиша историја, ќе игра финале на Ролан Гарос

198

Норвешкиот тенисер Каспер Руд испиша историја обезбедувајќи си го првото Грен слем финале во кариерата. Освен што Руд за првпат ќе игра Грен Слем финале, ова ќе биде и прво финале на најсилните турнири за еден Норвежанец.

Норвешкиот тенисер, кој е осми на светската листа, по 175 минути игра го совлада Марин Чилиќ од Хрватска со 3:6, 6:4, 6:2, 6:2. Со тоа го спречи Марин да испише историја, и да одигра финале на сите четири Грен Слем турнири.

Руд во финалето в недела ќе се соочи со Рафаел Надал.

ПретходноВо ПСЖ чекаат да се врати Ал-Келаифи и да му врачи отказ на Покетино
СледноЛН: Катастрофи на Хрватска и Белгија, Данска ја шокираше Франција (ВИДЕО)