Милан засилено работи на евентуалниот трансфер на Елиф Елмас, пишуваат денеска дел од италијанските медиуми. Веста која не е нова, сега добива на посилна потврда, со оглед на тоа што „росонерите“ ја засилуваат својата активност на трансфер-пазарот, а Елмас е едно од приоритетните имиња за новиот тим на италијанскиот првак.
Елмас има договор со Наполи до 2025 година, и според статистиката тој е еден од тројцата најкорисни играчи на составот на Лучијано Спалети, по Инсиње и Жиелински.