Македонската одбојкарска репрезентација вечерва од 19 часот во тирана ќе го одигра клучниот меч во битката за пласман на завршниот турнир од Европската сребрена лига. По поразот од Албанија во Скопје со 3:1, избраниците на Ратко Павличевиќ денеска немаат право на нова грешка доколку сакаат да останат на едно од првите две места во групата.
Со сериозно ослабен состав, нашата репрезентација треба да даде 100% од своите можности и да ги сведе техничките грешки на минимум доколку сака да дојде до победа над одличниот состав на Албанија, кој со своите досегашни настапи тоа и го потврди. По три одиграни средби Македонија и Албанија се на делба на второто место со по четири бода, а ние имаме подобат сет-количник.
Денеска во составот на Македонија ќе го нема и искусниот Владо Милев кој се повреди на последниот дуел во Скопје. Тоа ќе биде проблем плус за нашата селекција, но и дополнителен мотив за помладите да ги покажат своите потенцијали.
Покрај овој меч, во нашата група денеска од 16 часот се среќаваат и Босна и Херцеговина и Романија.