Голден Арт „затвори” уште две позиции во тимот, потпишаа Виларов и Трајковски

323

Голден Арт ги засили двете позиции пивот и голман во својот тим со двајца млади македонски ракометари, Марко Трајковски и Петар Виларов.

Трајковски во минатите неколку години беше член на екипите на Пролет, Бутел, Јуниор и Тиквеш, а последните шест месеци ги помина во супер лигата, во тимот на Прилеп.

“Исклучително сум задоволен што во следните две години ќе бидам дел од Голден Арт, проект кој е многу амбициозен и особено внимание посветува на развој и надградба на македонски ракометари. Се надевам дека во новиот клуб ќе напредувам како играч и дека ќе дадам допринос во идните успеси на клубот во најсилната лига во Македонија”, изјави младиот Трајковски за официјалните медиуми на клубот.

Петар Виларов ја помина школата на Вардар, од каде замина во Бутел, а преку Работнички минатата сезона пристапи на Јуниор КВ, каде беше стандарден првотимец.

“Ја користам оваа прилика да искажам задоволство од пристапување кон клуб кој од година во година расте и се развива, и клуб кој има амбиции да биде стабилен член на супер лигата. Ќе дадам се од себе да ги оствариме зацртаните цели, првенствено опстанок на клубот помеѓу најдобрите македонски екипи. Голден Арт изминатите години вложува во создавање услови за напредок на секој поединец и организациски е високо поставен”, изјави Виларов.

ПретходноРоналдо порача: Дајте му време на Тен Хаг!
СледноМане ја откри својата идна дестинација