Караѓумрук го канaт Пирло да им биде тренер

119

Екипата на Караѓумрук ја заврши сезоната во турската Супер лига на осмото место и не излезе во европските купови. Поради тоа раководството одлучи да се раздели со тренерот Волкан Демирел и да побара друг стручњак кој ќе може да ги исполни целите.
Според спортскиот новинар Алфредо Педуља, поранешниот ас на Јувентус Андреа Пирло добил покана за да седне на тренерската клупа на овој клуб од Истанбул. Наводно луѓе од кубот стапиле во контакт со Пирло, па ќе видиме натаму што ќе се случи.
Инаку Пирло како тренер работеше во У23 екипата на Јувентус, а на почетокот на сезоната 2020/21 беше назначен како тренер на А тимот на Јувентус но работеше до мај и доби отказ поради лошите резултати. Од тогаш е без работа.

ПретходноАлбанците нè „суредија“ и во реваншот
СледноМурињо: Ма каков ПСЖ, јас си ја сакам Рома