Навивачите го избраа Роналдо за играч на сезоната во Манчестер Ј.

99

Кристијано Роналдо ја доби наградата „Сер Мет Безби“ за играч на годината во дресот на Манчестер Јунајтед во неговата прва сезона по враќањето во клубот.

Во својот минат престој на „Олд Трафорд“, Роналдо ја освои оваа награда во три сезони – 2003/04, 2006/07 и 2007/08. По импресивното враќање на „Олд Трафорд“ минатото лето, навивачите гласаа за португалската икона да го добие трофејот и по четврттипат откако го носи дресот на гигантот.

Дејвид Де Геа е единствениот кој има добиено четири вакви статуетки за најдобар во една сезона, според гласовите на навивачите на клубот од целиот свет.

ПретходноПике и Шакира потврдија дека се разведуваат
СледноКавани се враќа во италијанската Серија А?