Албанците нè „суредија“ и во реваншот

216

Репрезентацијата на Македонија го загуби и вториот дуел со Албанија во групата Б од сребрената Европска лига. Избраниците на Ратко Павличевиќ немаа сили за триумф во Тирана па изгубија со 3:1 со истиот резултат како и во Скопје.

Првиот сет го добија Албанците со 25:20, а со ист резултат возвративме во вториот сет. Третиот сет беше лош за нашите одбојкари и Албанците го добија со 25:16. Во третиот сет беше нешто понеизвесен но во финишот македонските одбојкари немаа сила да го задржат водството до крај.

Никола Ѓорѓиев натпреварот го заврши со 35 поени. Следниот натпревар за нашиот национален тим е на 8 јуни против Романија на домашен терен.

Македонија по четири кола е на третото место во групата со 4 бода (три порази и една победа) со минимални шанси за следна фаза. Албанија сега е втора со 7 бода. Прва е Романија со 11. БиХ е последна со два бода.

ПретходноМитревски и Порто со 29 победи и еден пораз ја завршија сезоната
СледноКараѓумрук го канaт Пирло да им биде тренер