Македонскиот теквондист Дејан Георгиевски освои бронзен медал на силниот меѓународен турнир „Гранд при Рим 2022“ од серијата Г6. Овој турнир е највисоко рангиран во таеквондото после Олимписките игри и Светското првенство.
Георгиевски застана во полуфиналето каде што загуби од поранешниот олимписки шампион Чеик Салах Сисе од Брегот на Слонова Коска па така го доби бронзениот медал.
Инаку претходно тој помина две кола, ги победи Роберто Бота од Италија и Маикон Сеиквира од Бразил. Ова е прв медал за Македонија на Гранд при турнирите.
ФОТО: Ipon.mk