Еден од нашите најдобри фдбалери во моментов секако дека е Елиф Елмас. Токму затоа од него се очекува секогаш да дава тон на играта на нашата репрезентација. Така треба да биде и утре на мечот од УЕФА Лигата на Нации и тоа на гости кај Гибралтар.
„Пред многу години игравме тука и тој меч беше тежок за нас. Гибралтар игра добро и нема да биде лесно, како и на тој меч пред некоја година. На секој натпревар треба да влеземе максимално, не експериментираме, дојдовме да одиграме како што треба и на три бода“
Елмас смета дека реализацијата утре треба да биде далеку подобра од дуелот во Разград.
„Со Бугарите ни недостигаше реализација, утнавме многу шанси и сега таа реализација трба да биде на ниво. И не само утре туку на другите два меча. Вештачката трева е мал проблем, но како и да мораме да играме и да победиме. Се осеќаше мал замор кај сите кога се собравме, но мора да се даде 100% од себе и секако дека ќе го дадеме максимумот.