Претседателот на Салернитана, Данило Јерволино, призна дека е насочен кон обезбедување на потписот на сега веќе поранешниот напаѓач на Манчестер Јунајтед, Единсон Кавани.
Тимот во чии редови настапува и Франк Рибери, на чудесен начин обезбеди опстанок во Серија А по седум натпревари без пораз во последниот дел од сезоната.
По таков бајковит крај на сезоната, Јерволино реши да го засили тимот за следната сезона со доведување на искусни и квалитетни имиња.
„Кориере дело Спорт“ пишува дека прва трансфер цел на Салернитана е токму Кавани, кој има голема желба да се врати во Италија по неговиот претходен престој во Наполи.
„Би сакал да го ангажирам Единсон Кавани како слободен играч. Кавани би бил неверојатен подарок за градот, бидејќи Салернитана останува во Серија А“, изјавил претседателот на клубот.