Карлос Тевез оди во пензија: Не можам повеќе, ова нема смисла

269

Поранешниот аргентински репрезентативец Карлос Тевез (38) објави дека се повлекува од активните фудбалски настапи. Тевез рече дека фудбалот повеќе нема смисла за него откако неговиот очув почина минатата година.

„Го изгубив мојот навивач број еден, почнав да јадам премногу. Имав многу понуди, ми понудија многу во САД, но решив да се повлечам. Мојата последна сезона во Бока беше исклучително напорна, и почнав да се дебелеам, станував доцна. Се будев во шест наутро, доаѓав прв на тренинг и последен заминував. Сега веќе немам сили за тоа“, призна Тевез.

Напаѓачот играчката кариера ја започна во 2001 година во Бока Јуниорс, а потоа во 2005 година се пресели во бразилски Коринтијанс, од кој две години подоцна замина во Европа. Неговиот прв европски клуб беше Вест Хем, следен од Манчестер Јунајтед и Манчестер Сити и Јувентус пред да се врати во Бока во 2015 година. Пред второто враќање во славниот аргентински клуб настапуваше и за кинескиот клуб Шангај Шенхуа.

За репрезентацијата на Аргентина одигра 76 натпревари и постигна 13 голови. Последниот натпревар во репрезентативниот дрес го одигра во 2015 година.

ПретходноМакедонија со четири медали од БП во карате за сениори
СледноПСЖ завршува голема летна задача и тоа бесплатно!