„Лавовите“ со понуда до Ремзифаик Селмани!

843

Во пресрет на настапите во квалификациите во УЕФА Лигата на Конференции, Македонија ЃП има намера и тоа како да се засили. Па така, како што дознава „Спортмедиа“, освојувачот на Купот на Македонија го посакува Ремзифаик Селмани, најдобриот фудбалер на Ренова, и еден од најдобрите играчи во минатата сезона во ПМФЛ, како и трет стрелец по Адетунџи и Мирчевски.

Имало почетни преговори меѓу двете страни, неофицијално “лавовите“ доставиле и понуда до него, но негов приоритет е заминување надвор од Македонија. Неговиот договор со Ренова е завршен, „гипсарите“ се разбира дека посакуваат да го задржат, но за“бомбардерот“, како што веќе рековме, има интерес од странски клубови.

ПретходноМурињо го презема ПСЖ!?
СледноМилевски: Одиме на победа, но нема да го потцениме Гибралтар!