Лејно фантастична, Ѓер против Кристијанстанд во финалето (ВИДЕО)

103

Ѓер и Виперс Кристијансанд ќе се борат за тронот во Лигата на шампиони во женска конкуренција. Унгарскиот тим предводен од екс-вардарката Амандин Лејно славеше против Есбјерг со 32-27 против за рекордно деветто финале.

Лејно не бранеше цел меч, влезе во важниот период и фати пенал и неколку интервенции, на крајот запиша осум одбрани. Добра беше Солберг, која запиша 11 одбрани.

Офтедал со пет гола беше најефикасна кај Ѓер, Блом и Фодор постигнаа по четири, на другата страна Рајстад со осум гола.

Вајперс Кристијанстанд се пласираше во финалето и ќе ја брани титулата, откако го совлада Мец со 33-27. Лунде 16 одбрани го предводеше победничкиот состав, Јерабкова имаше 12 погодоци.

ПретходноФото вест од Гибралтар: Додека нашите тренираат во позадина авион полетува!
СледноЛига Нации: Унгарците со историска победа над Англија! (ВИДЕО)