Со голот на Шобошлаи во 64.минута и тоа од пенал, селекцијата на Унгарија ја победи Англија со 1:0 во меч од 1.коло во Лигата Нации во сегментот – А од групата -3.
Натпреварот се играше на „Пушкаш Арената“ во Будимпешта.
Ова беше нивна прва победа над Англија и тоа по цели 60 години. Секако дека Англичаните играа за да победат, имаа повеќе иницијатива и шанси, но сепак дефанзивната тактика на домашните во целост успеа за големо славје на домашната селекција и нивните фанови.