Никола Митревски и неговиот Порто победнички ја затворија оваа сезона. Во последното коло во португалскиот шампионат, тимот на македонскиот репрезентативен голман на домашен терен го совлада составот на Мадеира со 34-30.
Порто на крајот сезоната ја завршува со скор од 29 поени и само еден пораз, на врвот на табелата и со шампионската титула, која ја прослави во претпоследното коло. Ова значи дека Митревски и следната сезона ќе настапува во Лигата на шампиони.
Порто средбата ја реши во првото полувреме, кое го доби со 21-14. Гостите одиграа подобро во вториот дел го добија со 13-16, недоволно за сензација против актуелниот првак.