Може ли Барса да го плати Левандовски?

105

Роберт Левандовски е се поблизу од излезната врата на Баерн Минхен. После осум години, полскиот напаѓач иако има уште една година од договорот сака да си оди. Баварците се откажаа од обидите да го задржат, па затоа се отворени за продажба, бидејќи следната година нема да земат денар.

Според каталонските медиуми, Барселона тимот кој е сериозно заинтересиран за него ќе треба да одвои 40 милиони евра. Двете страни веќе имале една средба, но прашање е дали раководството на каталонскиот гигант може да си ја дозволи оваа сума.

Големите долгови не и дозволуваат на Барселона да плати 40 милиони евра за 33- годишен фудбалер. Останува да видиме како ќе заврши сето ова.

ПретходноДобро утро од Гибралтар (ФОТО)
СледноСпектакуларна победа на нашиот кикбоксер Бобан Илиоски со нокаут во Зворник! (ВИДЕО)