Нема дилеми, Македонија утре од 18 часот на стадионот „Викторија“ во Гибралтар, ќе оди по трите бода, по првата победа во новиот циклус во Лигата на Нации. По ремито со Бугарија во Разград, време е за триумф.
Попладнево, веднаш по пресот на кој свое видување дадоа селекторот Милевски и Елмас, се одработи и оној вообичаен тренинг на теренот каде утре ќе ги одмериме силите со домашната селекција.
Јасно е, Македонија знае како треба против Гибралтар.