ПСЖ е близу до првиот голем летен трансфер, Дембеле доаѓа во таборот на актуелниот француски првак од Барселона.
Според сигурни извори од Шпанија, Дембеле е веќе завршена работа. 25-годишниот фудбалер не успеа да најде заеднички јазик со челниците на клубот за продолжување на соработката, не ги исполнија неговите финансиски желби.
ПСЖ од друга страна е подготвен да му плати онолку колку ќе побара, па двете страни имаат усмен договор. По завршување на сезоната, поточно по завршување на овој месец Дембеле ќе биде слободен играч и ќе може бесплатно да дојде во „Паркот на принцовите“.
Промена во последен момент може да се случи само под еден, неверојатен услов, а тоа е Барса да му ги исполни барањата на Дембеле и да му ги даде парите што ги сака, но шансата за тоа е минимална.