Реал Мадрид на расплагање има нестварна сума за засилувања!

685

За Реал Мадрид нема никогаш „зима“. Овој тим и во време на пандемија не потклекна, благодарение на добрата работа и финансиска структура на клубот со години наназад. Сето ова им донесе можност на располагање да имаат дури 450 милиони евра за летниот преоден рок.

Реал оваа сума на пари сакаше да ја искористи за потпис на Килијан Мбапе, му дадоа неверојатна понуда, но тој одлучи да остане во ПСЖ.

„Кралевите“ на располагање имаат таква бројка која може да им донесе било кој фудбалер во светот.

Веќе подолго време траат преговорите со Монако за трансфер на младиот играч за врска Чуамени бидејќи раководството не да преплаќа за трансферот.

Европскиот шампион за овој трансфер е подготвен плати дури 80 милиони евра. Монако бара 100 милиони и се уште не е постигнат договор.

Гигантот од Мадрид направи одлична работа со Антонио Рудигер од Челзи, кого го донесе бесплатно, а истовремено се ослободу од Герет Бејл, Иско и Марсело.

Кралскиот клуб има многу простор за нови засилувања. Многу фудбалери се поврзуваат со нив, но сакаат паметно да инвестираат и да го засилат клубот на вистински начин.

ПретходноУЕФА им се извини на навивачите: Никој не смее да се најде во таква ситуација!
СледноРоналдо порача: Дајте му време на Тен Хаг!