Кристијано Роналдо останува во Манчестер Јунајтед, донесе конечна одлука. Ова го потврди во едно интервју и стави крај на шпекулациите дека ќе го напушти „Олд Трафорд“. Португалецот сака да соработува со Ерик тен Хаг и да го врати клубот на старите патеки. Едниствено што посакува е успех со „црвените ѓаволи“.
„Најважно е да се вратиме на победничките патеки и да пробаме да освојуваме трофеи. Верувам дека Манчестер ќе се врати таму каде што му е местото. Понекогаш треба време, но јас верувам. Тен Хаг направи добра работа во Ајакс, тој е искусен тренер. Не може да се промени се набрзина, затоа треба време. Повторувам, убеден сум дека ќе освоиме трофеи следните сезони“.
Роналдо е задоволен во Манчестер Јунајтед.
„Бев среќен кога се вратив во тимот каде направив кариера. Убаво е да се види поддршката од навивачите и во моментите кога не е како што треба“.