Се до Палермо и мечот и поразот од Македонија, беше бајковито во селекцијата на Италија, актуелниот европски шампион. Но од тогаш хаварија се случува во составот на Роберто Манчини. Малку беше катастрофата со Аргентина во „Финалисима“, за да се случи навистина голем скандал.
Имено двајца фудбалери, и тоа Матиа Закањи и Мануел Лазари, и двајцата од Лацио, побегнале од кампот на селекцијата, па така тие вечерва нема да бидат во тимот на Манчини против Германија во Лигата на Нации.
Подоцна и двајцата се правдале дека биле многу уморни и дека не можат да го издржат овој јунски циклус, но ретко кој може да поверува во нивната приказна.