Спектакуларни кикбокс борби се водеа вчера во Зворник на Арена фајт најт. Учествуваа и наши кикбоксери. Димитар Ѓорѓиев не успеа во финалето да слави над Никола Дробњак од БиХ, кој го освои ВАКО Про појасот до 81.кг.
Затоа Бобан Илиоски имаше феноменален настап. Македонецот Бобан Илиоски уште во првата рунда го нокаутира Борна Манојловиќ во категоријата К-1 до 83. килограми.
Од настапот на Илиоски задоволен беше и селекторот на репрезентацијата на Македонија Дејан Митровски – Урко, кој не го криеше своето задоволство.