Шест играчи дебитираа за Италија во ремито со Германија

252

Италија и Германија одиграа 1:1 во првиот меч од новата сезона во Лигата на нациите. Натпреварот се одигра на „Ренато дал’Ара“ во Болоња, а „Аѕурите“ поведоа во 70. минута со голот на Лоренцо Пелегрини, а изедначи Џошуа Кимих три минути подоцна.

Во редовите на „Аѕурите“ имаше дури шест дебитанти.

Едниот е Вилфред Гнотно  кој влезе во игра во второто полувреме. Има само 18 години, односно е првиот фудбалер роден во 2003 година кој заиграл за „Аѕурите“ и 72. фудбалер кој заиграл под раководство на Роберто Манчини во 50 натпревари.
Инаку се работи за напаѓач кој е од младинските категории на Интер но не успеал да се пробие во првиот тим, па заминал да ја гради кариерата во ФК Цирих од Швајцарија каде што и сега игра. Тој има потекло од Брегот на Слоновата Коска.

Од првата минута се најде играчот од средниот ред на Сасуоло Давиде Фратези.
Фратези ќе наполни 23 години во септември и веќе има 10 настапи за У21 репрезентацијата на Италија и два гола. Инаку тој е „продукт“ на Рома, но кариерата ја изгради во Сасуоло.

Другите двајца исто така влегоа во второто полувреме. Дефанзивецот на Интер Федерико Демарко и играчите од средниот ред на Торино Томасо Побега и Сандро Ричи и крилото на Верона Матео Канчелери.

ГОЛОТ НА ПЕЛЕГРИНИ ОВДЕ

ГОЛОТ НА КИМИХ ОВДЕ

Претходно„Комити“ го прославија роденденот со факелијада долга 10 километри
СледноЦрногорците ја победија Романија, БиХ извлече реми во Финска во 95 минута