Репрезентацијата на Црна Гора славеше над Романија со 2:0 во меч од 1.коло во групата 3 од Б сегментот во Лигата на нациите. По првиот дел немаше погодоци, а во 66. минута отвори Мугоша, а во 87 минута Вукчевиќ го постави конечниот резултат.
Во истата група Финска и БиХ одиграа 1:1. Финците поведоа со голот на Тему Пуки во 45 минута и го држеа водството се до петтата минута од судиското продолжение кога Превљак на асистенција на Џеко ја затресе мрежата и изедначи.
Ерменија приреди изненадување со победата над Ирска со 1:0 со гол на Спертсјан во 74. минута, а во 50. минута ВАР му поништи гол на поранешниот вардарец Барсегјан.
Idemoooo💪💪💪💪💪
Ti si naša prva ljubav, Crna Gora volim teeeee 🇲🇪🇲🇪🇲🇪🇲🇪🇲🇪🇲🇪🇲🇪
Bravo Mugoša majstore💪💪 pic.twitter.com/abd6iDFNLN
— Montenegrina14🇲🇪 (@MilicaPGMNE) June 4, 2022
РЕЗУЛТАТИ
УНГАРИЈА – АНГЛИЈА 1:0
ИТАЛИЈА – ГЕРМАНИЈА 1:1
ЕРМЕНИЈА – ИРСКА 1:0
ФИНСКА – БИХ 1:1
ЦРНА ГОРА – РОМАНИЈА 2:0
ЛИТВАНИЈА – ЛУКСЕМБУРГ 0:2
ТУРЦИЈА – ФАРСКИ ОСТРОВИ 4:0