Првиот светски тениски рекет Новак Ѓоковиќ се најде на списокот на пријавени учесници за Грен Слем турнирот на Вимблдон.
Српскиот ас во Лондон ќе го брани трофејот, но не и бодовите од лани. Со оглед на тоа што организаторите забранија учество на руски и белоруски тенисери, АТП реши овој турнир да не обезбедува бодови за АТП ранкингот.
Покрај него, на списокот на учесници е и годинешниот финалист на Ролан Гарос, Рафаел Надал, за кого „Марка“ вчера објави дека ќе паузира по Ролан Гарос за да се опорави до Вимблдон.
Каспер Руд, Стефанос Циципас, Карлос Алкарас, Феликс Ожер-Алиасим, Матео Беретини и Камерон Нори се исто така меѓу најавените учесници. На листата е и Зверев, кој по вчерашната тешка повреда во полуфиналето на Ролан Гарос тешко дека ќе успее да се опорави за настап.
Интересно на списокот го нема Рожер Федерер, што ќе биде првпат по 23 години Швајцарецот да го пропушти овој Грен слем.