Добро утро од Гибралтар (ФОТО)

667

Македонската фудбалска репрезентација е пред нов предизвик во Лигата на Нации. Нашите фубалери во второто коло ќе се сретнат со селекцијата на Гибралтар, меч кој се игра утре со почеток во 18 часот.

На стартот „црвено-жолтите“ одиграа реми со Бугарија во Разград (1-1), па токму утре ќе ја бараат првата победа. Во тимот вчера во Малага се приклучи Валон Етеми.

По долгиот пат, избраниците на Боби Милевски имаа доволно време да се одморат. Утринава веќе се свежи и подготвени да ја израдуваат македонската јавност во овој нов циклус.

ПретходноМане ја откри својата идна дестинација
СледноМоже ли Барса да го плати Левандовски?