Македонија со четири медали од БП во карате за сениори

90

Македонските каратисти го завршија настапот на Балканското првенство за сениори со четири освоени медали. Сите медали се освоени во поединечна конкуренција, од кој еден сребрен и три бронзени.

Сребро на Македонија во Белград и обезбеди Витомир Трајковски кој во финалето во категорија -84 килограми загуби од Црногорецот Никола Маловиќ со 6-3.

Бронзени медали за Македонија обезбедија Петар Заборски, Ангела Мојсовска и Јована Георгиева.

За утре се закажани настапите во екипна конкуренција.

ПретходноБез право на грешка: Одбојкарите вечерва гостуваат во Тирана
СледноКарлос Тевез оди во пензија: Не можам повеќе, ова нема смисла