Селекторот на нашата репрезентација Благоја Милевски во пресрет на утрешниот меч со Гибралтар, и тоа на гости, меч кој почнува во 18 часот на стадионот “Викторија“ имаше свој коментар за тоа што може да се очекува.
Факт е дека Македонија е голем фаворит, но тоа треба да се потврди на теренот.
„Имаме одреден број играчи кои имаат проблеми, но без разлика на тоа секој меч играат најдобрите и најспремните. Нема место за калкулации, нема место за експерименти. Сите кои се максимално подготвени ќе бидат во стартниот состав“
Тој вели дека нема место за потценување…
“Во денешиот фудба нема место за потценување било кој. Гибралтар со тоа што е во групата Ц во Лигата на Нации докажува дека треба да се има респект. Нема место ниту 1% за опуштање. Секој меч е посебен, за секој има посебна подготовка. Што се однесува до сериозноста и пристапот – момците се свесни дека имаме тежок предизвик и сериозен ривал. Тоа го знаат од претходниот меч кога играа тука“.
Милевски се сеќава дека има пораз од Гибралтар кога беше селектор на У21.
“Без разлика со кого играме наша обврска е да се даде максимумот. И да, одиме на победа. Ве молам да не се потцени Гибралтар. Да, загубив од нив со У21 и тогаш немаше потценување, но загубивме“рече на крајот нашиот селектор.