Давид Бабунски одигра добар меч попладнево во Гибралтар. Неколку потези, акции и удари кои ја покажуваат класата на фудбалерот кој долго беше во аут и не беше во конкуренција зџа националниот тим:
„Се согласувам дека не беа условите како треба, но сите ние како професионалци треба да се адаптираме на тоа што го имавме. Одигравме на добро ниво и тимски стинавме до посакуваната цел и трите бода“.
За враќањето во националниот тим Бабунски напомена:
„Јас сум си тој и сега и пред 10 години. Се знаат моите карактеристики. Многу сум задоволен што селекорот Милевски ме врати и тој е еден од оние кои знаат да го извлечат најдоброто од мене“.