Велс VS Украина: Решавачка битка за пласман на СП во Катар!

114

Доцна попладнево на стадионот во Кардиф во 18 часот, селекциите на Велс и Украина ќе решаваат кој ќе биде послендиот патник од евро – зоната на СП во Катар кое ќе се одржи во ноември – декември.

Познато е зошто сега се игра ова финале од баражот а не пред три месеци како и сите останати натпревари. Агресијата на Русија врз Украина уште трае, па затоа денеска ќе се знае дали оваа напатена земја и нејзините граѓани барем малку ќе се израдуваат, со пласманот на Мундијалот, во ова време невреме за нив.

Јасно е дека Украина ќе има големи мотиви, мотиви до небо, но Велс исто така. Игра дома, сонуваат долги години учество на СП. Последен пат тоа се случило во далечната 1958 година.

Ќе биде супер интересно, влогот е неверојатно голем, две желби но само едно место и тоа во групата – Б каде се Англија, Иран и САД.

ПретходноАко не влезе во гол може да „бутне“ авион или да летне до Шпанија!
СледноПознат стартниот состав: Напаѓаме со Трајковски и М.Ристовски, Николов и К. Ристевски меѓу стартерите…